петок, 1 ноември 2024

Раша тудеј на листата на субјекти што се санкционирани со новиот пакет санкции на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Според дипломатски извори, ЕУ испратила официјален допис до сите субјекти, вклучително и РТ Балкан, во кој ги информира дека овој субјект ќе биде додаден на листата на субјекти и ентитети што се санкционирани.

Покрај РТ Балкан, на листата на санкционирани медиуми има и четири медиумски платформи: „Ориентал ривју“, „Царград“, „Њу истерн аутлук“ и „Катехон“.

Рестриктивните мерки против пет медиуми под контрола на Русија ќе стапат во сила на 1 октомври 2023 година.

Раша тудеј Балкан почна да емитува онлајн на српски јазик во ноември 2022 година, повеќе од половина година од почетокот на војната во Украина, кога ЕУ наголемо воведуваше санкции.

Земјите од Европската Унија денеска се договорија за нов пакет санкции против Русија поради нејзината војна против Украина.

Шведска, која моментално претседава со ЕУ, соопшти дека пакетот вклучува мерки насочени кон спречување на заобиколување на санкциите, како и списоци на казнети лица.

Овој 11-ти пакет вклучува мерки насочени кон борба против затајувањето санкции и додавање нови имиња на списокот со санкции.

Новиот пакет санкции забранува транзит преку Русија на стоки и технологија што би можела да ги користи руската војска или да ѝ помогне на нејзиниот одбранбен и безбедносен сектор.

Се воведуваат ограничувања за продажба на деликатни стоки и технологија за двојна намена на земји што би можеле да ѝ ги продаваат на Русија, а се проширува и списокот на забранети стоки што би можеле да служат за руската армија и одбранбениот сектор.

Со пакетот се продолжува суспензијата на дозволите за емитување во ЕУ за пет руски медиуми под контрола на државата.

ЕУ претходно воведе забрана за увоз на руска сурова нафта и нафтени деривати, а сега го забранува пристапот до европските пристаништа за бродови за кои постои разумно сомневање дека учествуваат во пренос на руска нафта од брод на брод за да се заобиколи забраната.

На списокот на санкционирани лица се додадени 71 физичко и 33 правни лица. На тие лица и правни субјекти им е замрзнат имотот во ЕУ, меѓу другото, затоа што учествувале во илегалната депортација на украински деца во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ