вторник, 22 октомври 2024

Рама: Регионот е и наш, не им припаѓа само на Косово и Србија

Објавено на

часот

Сподели

Албанскиот премиер додаде дека тоа го направил за доброто на регионот, нагласувајќи дека „регионот не е само нивен (на Косово и Србија) туку и наш“.

„Мило ми е што напорите да се даде конкретен придонес во дијалогот и предлогот за ЗСО беше добро прифатен од нашите сојузници, а оние кои се спротивставија без да ја знаат содржината, и во Приштина и во Белград, кажувам две работи. Прво, тие што зборуваат вака сè уште живеат во комунизам, кога политиката беше за тоа кој нешто кажал, а не што кажал. Второ, тие навистина се тие кои сами одлучуваат, но овој регион не е само нивен, туку и наш. Значи, ако уште им паѓа на памет да играат војна, четврт век по војната, трпението на нашите сојузници го снемува, бидејќи бараат мир“, рече Рама.

За односот со премиерот Курти, Рама рече дека имаат исти цели, но одат по различни патишта.

„Мојата цел и целта на премиерот на Косово се исти, но постигнувањето на таа цел не го гледаме на ист начин, особено во последно време. За мене курсот на судир со нашите сојузници е само каприц со несогледливи последици“, рече Рама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ