вторник, 19 ноември 2024

Радмила Шекеринска именувана за заменик генерален секретар на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска од Македонија за следен заменик генерален секретар, е објавено на официјалната веб-страница на НАТО.

Објавено на

часот

Сподели

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, напишал Руте за Шеќеринска, објавувајќи го нејзиното именување.

Во објавата за именувањето на Шекеринска се наведува дека таа претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Како временска рамка кога треба да ја преземе својата функција, се вели дека тоа ќе биде „подоцна оваа година“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ