четврток, 24 октомври 2024

Работници на живинарска фарма во Колорадо се заразиле со птичји грип

Во американската сојузна држава Колорадо потврдени се четири инфекции со вирусот на птичји грип Х5Н1 меѓу работници на една живинарска фарма, а се проверува и статусот на петти сомнителен случај, соопштија американските здравствени власти.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Инфекциите со птичјиот грип Х5Н1 кај луѓе може да предизвикаат тешка болест, па дури и пандемија, доколку вирусот мутира и стекне способност лесно да се шири меѓу луѓето, објави американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

ЦДЦ потврди четири случаи во Колорадо, соопшти државниот Оддел за јавно здравје, а петти чека потврда од агенцијата додека истрагата продолжува. „Примероците за петтиот работник веројатно беа позитивни во државната лабораторија во саботата и ќе бидат испратени до ЦДЦ за потврда“, се вели во соопштението.

Работниците покажале благи симптоми на болеста, а никој од нив не завршил во болница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ