недела, 27 октомври 2024

Работата на собраниските комисии требало да биде тајна, одложена седницата за патоказите за влез во ЕУ

Заедничката денешна седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања се одложи поради, како што беше посочено, неисполнување на законските услови и обврски за затворена седница со класифициран материјал со степен на тајност.

Објавено на

часот

Сподели

На дневен ред на оваа заедничка седница беа разгледувањето на Нацрт патоказот за владеење на правото и Нацрт-патоказот за реформа на јавната администрација.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски побара од присутните да се одложи денешната седница поради неисполнување на законските услови и обврски за затворена седница со класифициран материјал со степен на тајност. Информира дека следната седница по овие точки ќе се одржи на 20 декември.

„Имајќи во предвид дека се работи за ваков сензитивен материјал согласно законските одредби, седницата на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања треба да е од затворен карактер. И имајќи предвид дека седницата е од затворен карактер, постојат јасни законски процедури и ограничувања на кој начин треба да биде доставен и дистрибуиран материјалот до членовите на Националниот совет, до пратениците и до сите останати кои имаат право да учествуваат во работата. Имајќи предвид дека се работи за нови процедури и дека на сите веројатно им треба повеќе време за тие да станат пракса, се надевам дека во иднина ќе ги користиме и почесто“, рече Николоски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ