сабота, 19 октомври 2024

Пвеќе од половина од даночните обврзници уште не поднеле ДДВ пријави до УЈП

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека нешто повеќе од половина од даночните обврзници се уште немаат поднесено ДДВ-04 пријава, а рокот истекува во четврток.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно податоците на УЈП, од вкупно 40.509-те даночни обврзници, ДДВ-04 пријава поднеле 19.030 обврзници, а 21.479 обврзници тоа треба да го сторат до четврток.

„УЈП уште на почетокот на месецов информираше и апелираше за навремено поднесување на ДДВ-04 пријава. Укажуваме да се прифатат досегашните повици од Управата за јавни приходи  и да се избегнат последици, со оглед на тоа дека законот пропишува глоба за непостапување, односно неподнесување на даночната пријава во законски пропишаниот рок“, се наведува во соопштнието од УЈП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ