вторник, 22 октомври 2024

Путин: Земете го нашето оружје, јасно е дека е супериорно во однос на оружјето кое го има НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека е задоволен од руското оружје, за кое тврди дека е супериорно во однос на оружјето на НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата воена индустрија покажа добро темпо и квалитетна работа“, истакна Путин на состанокот со учесниците на форумот „Сè за победа“, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Путин додаде дека, доколку се спореди модерното НАТО вооружување со оружјето од последниот период на советската ера, во некои сегменти тоа е инфериорно, но не секогаш.

„Но, ако го земете нашето најново оружје, јасно е дека е супериорно во однос на сите. Тоа е очигледен факт“, оцени Путин.

Тој истакна дека станува збор за „опремата за проектили, оклопни возила и сè останато што се користи на бојното поле“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ