недела, 20 октомври 2024

Путин во Киргистан, прва официјална посета во странство откако беше распишана потерница за негово апсење

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во посета на Киргистан, објавија новинските агенции на двете земји, што е првo официјалнo патување на рускиот лидер во странство откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.

Објавено на

часот

Сподели

Путин ретко ја напушта Русија од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година и не е познато дали патувал надвор од земјата откако МКС издаде налог за апсење во март под сомнение дека незаконски депортирал стотици деца од Украина. Кремљ ги негира ваквите обвинувања.

Рускиот претседател во текот на денот треба да разговара со својот киргистански колега Садир Јапаров и да учествува во петок на самитот на лидерите на Заедницата на независни држави, која обединува неколку поранешни советски републики.

„На покана на киргистанскиот претседател Садир Јапаров на 12 октомври во официјална посета на земјата ќе дојде претседателот на Руската Федерација Владимир Путин“, објави претходно на својата веб-страница киргистанската претседателска администрација.

Во мај, за време на разговорите со Јапаров, Путин ја прифати поканата да го посети Киргистан.

Рускиот лидер следната недела треба да отпатува во Кина на третиот форум на Иницијативата „Појас и пат“ во Пекинг. Ниту Киргистан ниту Кина не се членки на МКС.

Москва ги негира обвиненијата на МКС, а Кремљ рече дека налогот е доказ за непријателството на Западот кон Русија, што поттикна кривична постапка против обвинителот на МКС и судиите кои го издадоа налогот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ