Министерството за одбрана во вторникот соопшти дека до 300 украински војници со 11 тенкови и повеќе од 20 други оклопни борбени возила преминале во Русија и претрпеле големи загуби, додека Украина не коментираше за тоа.
Путин го нарече упадот на украинските сили преку границата „провокација од големи размери“ и најави средба со раководството на Армијата и полицијата.
„Киевскиот режим презеде уште една голема провокација и започна неселективно гранатирање на цивилни згради, станбени куќи и амбулантни возила со различно оружје“, рече Путин на состанокот со владините претставници.
Руските сили претходно брзо ги одбиваа прекуграничните упади.
Шефот на Курската област ги повика жителите да даруваат крв бидејќи има повредени.
Можно е Москва да испрати резервисти во таа област, што би го ослабело рускиот напад во Доњецк, Украина, а украинските трупи би можеле да напредуваат.
Границата на Курската област со Украина е долга 245 километри, што им овозможува на диверзантските групи да извршат брзи упади и да заземат дел од теренот пред Русија да распореди засилување.