Путин мисли на францускиот цар Наполеон Бонапарта кој во 1812 година ја повел својата европска војска кон Русија и стигнал до Москва, но потоа бил поразен и приморан на очајничко зимско повлекување со огромен број загубени животи.
„Сè уште постојат луѓе кои сакаат да се вратат во времињата на Наполеон, заборавајќи како тоа завршило“, кажа Путин во телевизиско обраќање, не спомнувајќи го Макрон по име.
Рускиот претседател кажа дека Русија треба да избере мир во Украина кој ќе обезбеди долгорочна сигурност на Русија и нејзин одржлив развој.
„Мораме да ја избереме опцијата на мир која ќе ни одговара нам и која долгорочно ќе обезбеди мир за нашата земја“, кажа Путин на средба со жените кои изгубиле роднини во војната.
„Не ни треба ништо туѓо, но своето нема да го дадеме“, истакна Путин.
На прашање на мајка на загинат војник дали Русија ќе се повлече, Путин одговори дека Русија не намерава да го направи тоа.