сабота, 13 јули 2024

Путин: Размислуваме за промена на доктрината за употреба на нуклеарното оружје

Рускиот претседател Владимир Путин кажа денес дека Русија размислува за промена на својата нуклеарна доктрина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Постоечката доктрина предвидува Русија да може да употреби нуклеарно оружје ако биде нападната со нуклеарно оружје или во случај на конвенционален напад кој би бил егзистенцијална закана за државата.

Од почетокот на војната во Украина, дел од руските воени аналитичари предлагаат Русија да го спушти прагот за користење на нуклеарното оружје. Путин неколку пати кажа дека нема потреба Русија да изведе превентивен нуклеарен напад.

Путин ја даде изјавата во Виетнам, ден по посетата на Северна Кореја, каде со лидерот Ким Џонг Ун потпиша договор за заемна воена помош во случај на оружена агресија на која било од двете земји.

Руските државни медиуми пренесуваат дека Путин кажал дека Москва очекува соработката со Северна Кореја да биде средство за одвраќање на Западот, но и дека нема потреба од испраќање севернокорејски војници во Украина.

Путин истакна дека не исклучува Русија на Северна Кореја да ѝ даде високо софистицирано оружје.

Исто така предупреди дека Јужна Кореја би направила голема грешка ако одлучи да ѝ испрати оружје на Украина и дека Москва би одговорила на тоа. Но порача дека Сеул не треба да го загрижува договорот за заемна воена помош на Москва и Пјонгјанг.

Јужнокорејската агенција Јонхап објави претходно денес дека Јужна Кореја ќе ја разгледа можноста за испраќање оружје на Украина откако Путин и Ким потпишаа договор за заемна воена помош во случај на војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ