петок, 18 октомври 2024

Путин разговараше со свој двојник: „Гледам дека личиш на мене и зборуваш со мојот глас“ (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се чинеше дека накратко остана без зборови кога денеска се соочи со својот двојник генериран со вештачка интелигенција (АИ), пренесува Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Двојникот ја искористи можноста да му постави прашање на Путин за вештачката интелигенција за време на традиционалната годишна конференција.

„Владимир Владимирович, здраво, јас сум студент на Државниот универзитет во Санкт Петербург. Сакам да прашам, дали е вистина дека имаш многу двојници? А исто така: како гледате на опасностите што ги носат вештачката интелигенција и невронските мрежи на нашите животи“, го праша и предизвика смеа кај публиката во салата со Путин во Москва.

Прашањето предизвика ретко двоумење кај Путин, веќе во четвртиот час одговарање на прашања за време на маратонската конференција.

„Гледам дека можеби личиш на мене и зборуваш со мојот глас. Но, размислував за тоа и решив дека само една личност мора да биде како мене и да зборува со мојот глас, а тоа ќе бидам јас“, одговори Путин.

„Патем, ова е мојот прв двојник“, додаде Путин потоа.

Инаку, последниве години, особено во западните медиуми, се шпекулира дека Путин има еден или повеќе двојници кои го покриваат во некои јавни настапи поради наводни здравствени проблеми. Кремљ го негираше ова и рече дека здравјето на претседателот е одлично.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ