петок, 18 октомври 2024

Путин потпиша закон со кој целосно се забранува промена на полот

Објавено на

часот

Сподели

Законот кој претходно беше потврден од двата дома на рускиот парламент „забранува секаква медицинска процедура насочена на промена на полот“, како и промена на полот во официјалните документи и јавните евиденции.

Единствениот исклучок е медицинска интервенција за лекување вродени аномалии.

Со законот се поништуваат бракови во кои едниот сопружник „го променил полот“ и им се забранува на трансродовите лица да посвојат деца.

Забраната е мотивирана од целта на Кремљ да ги заштити традиционалните вредности. Пратениците на Думата порачаа дека законот треба да ја заштити Русија од „западната антисемејна идеологија“.

Рускиот удар на ЛГБТ заедницата почна пред десет години кога Путин прв пат стави акцент на „традиционалните семејни вредности“, со поддршка од Руската православна црква.

Кремљ во 2013 година усвои закон кој забранува секакво јавно одобрување „нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетници.

Путин во 2020 година ја истурка уставната реформа која ги забрани истополовите бракови, а минатата година потпиша закон за забрана на „пропагандата на нетрадиционалните сексуални односи“ и меѓу возрасните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ