среда, 30 октомври 2024

Путин потпиша указ за одмазднички мерки во случај на конфискација на руски имот во странство

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одмазднички мерки во случај на конфискација на руски имот во странство.

Како што јави руската агенција ТАСС, во случај на конфискација или ограничување на правата на руски имот во странство, се воведува надворешно управување со имотот на непријателските земји во Русија.

Како што е наведено, привременото управување со овие средства може да биде прекинато со одлука на претседателот на Русија.

Списокот на средства што ќе бидат ставени под привремено управување ги вклучува акциите на странските акционери на енергетските компании Унипро и филијалата на Фортум во Русија, кои се во мнозинска сопственост на Германија и Финска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ