среда, 30 октомври 2024

Путин отвори автопат меѓу Москва и Санкт Петербург по 14 години изградба (ВИДЕО)

По 14 години изградба, сега е отворен еден од најважните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин – автопат меѓу Москва и Санкт Петербург долг 670 километри.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Возејќи во руски автомобил Лада Аура, Путин во градот Твер го отвори последниот дел од автопатот, кој вклучува мост долг 738 метри што се протега над реката Волга.

Путин ја нареди изградбата на автопатот во 2004 година, а изградбата на првата делница започна во 2010 година.

Возачите ќе треба да плаќаат патарина на речиси секој дел од автопатот М-11. Најскапа е првата делница од Москва до аеродромот Шереметјево која чини 795 рубли (околу 8 евра).

Целата рута чини повеќе од 3.000 рубли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ