понеделник, 25 ноември 2024

Путин: Ние ќе ја браниме својата земја од внатрешно предавство

Објавено на

часот

Сподели

Обидот за бунт на началникот на приватната воена компанија Вагнер, Јевгениј Пригожин, претставува предавство на Русија и нејзиниот народ, рече рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до нацијата денеска наутро. Тој, исто така, вети дека агенциите за спроведување на законот во земјата ќе преземат решителни активности за воспоставување на редот.

Во телевизискиот говор, Путин апелираше до припадниците на руските воени сили и оние „кои со измама или закани биле вовлечени во овој криминален чин“, без при тоа да го именува Пригожин.

Тој истакна дека Москва е вклучена во историска борба за да ја заштити својата иднина додека „одбива агресија од неонацистите и нивните господари“ на Запад.

„Ние се бориме за животите и безбедноста на нашиот народ, за нашиот суверенитет и независност. За правото да се биде и да остане Русија“, рече претседателот, повикувајќи ги сограѓаните да ги здружат силите и да ги остават настрана сите поделби што би можеле да бидат искористени од странските противници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ