петок, 14 март 2025

Путин ненадејно се појави во Курск, ѝ нареди на војската да ја ослободи целата област (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ постави задача на руската војска да ги порази украинските сили во Курската област во најкраток можен рок, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Навистина, нашата задача во блиска иднина е во најкраток можен рок конечно да го поразиме непријателот кој се вкопа во Курската област и тука спроведува воени операции“, кажа рускиот претседател на состанокот кој го одржа во команден штаб во пограничната област.

Путин предложи и формирање безбедносна зона долж границата.

Украинците во Курската област ги нарече терористи и порача дека кон заробените борци треба да се однесува согласно тој статус.

„Странските платеници не подлежат на Конвенцијата за воени заробеници“, истакна Путин и додаде дека заробениците треба да бидат третирани хумани, и покрај нивниот статус.

„Уверен сум дека сите борбени задачи кои стојат пред нашите единици ќе бидат исполнети“, заклучи Путин.

Командантот на Генералштабот на руската војска Валериј Герасимов му кажа на Путин дека руските сили ослободиле повеќе од 1.100 квадратни километри во пограничниот дел на Курската област и дека во последните пет дена се ослободени 24 населби и 259 квадратни километри територија. Кажа дека во одредени насоки руските сили ја преминале границата и влегле во украинскиот Сумски регион.

Тој истакна дека „украинските сили во Курската област се опколени и изолирани“ и дека „во тек е нивно систематско уништување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ