петок, 21 март 2025

Хрватска ги советува своите граѓани да ја избегнуваат Србија поради студентските протести

Хрватското министерство за надворешни работи ги повика денес граѓаните на Хрватска да ги одложат патувањата во Србија поради најавениот голем студентски протест, кој ќе се одржи во сабота во Белград.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На хрватските граѓани кои утре и на самиот ден на одржувањето на протестот ќе се најдат во Белград особено им се советува да ги избегнуваат приодните правци на местата за собирање и поголемите групи граѓани, но и самите места за собирање со намалување на непотребното шетање низ градот пред, за време и непосредно по протестот, се наведува во соопштението на хрватското министерство за надворешни работи.

Се напоменува и дека за време на протестот треба да се очекува нарушување на сообраќајот, како и полициско насочување на сообраќајот на местата во близина на собирот и сообраќајните правци кои водат до местото на собирот.

„Се препорачуваат одложување на сите патувања кои не се нужни, претпазливост, следење на актуелната ситуација и подетално информирање пред патувањето поради забележаните непримерни и неосновани постапувања на тела на Република Србија кон хрватски државјани“, се наведува во соопштението.

На хрватските граѓани им се советува и избегнување на местата на собирање на поголем број лица.

„Во случај на потреба, во секој момент хрватските државјани имаат право да побараат контакт со амбасадата на Република Хрватска во Република Србија“, истакнува хрватското министерство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ