четврток, 24 октомври 2024

Путин не сака американски ракети со долг дострел во Германија, најави одговор

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди Соединетите Американски Држави дека, ако Вашингтон распореди ракети со долг дострел во Германија од 2026, Русија ќе стационира слични ракети кои ќе го имаат Западот во дострел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Американски Држави најавија распоредување капацитети со долг дострел во Германија во 2026 во обид да ја покаже својата посветеност на НАТО и европската одбрана, кажаа американски и германски функционери претходно месецов.

Американското „епизодно распоредување“ е подготовка за подолгорочно стационирање на таквите капацитети кои ќе вклучуваат СМ-6, крстосувачки ракети „томахавк“ и недоразвиено хиперсонично оружје кое има поголем дострел од моменталното оружје во Европа, порачаа Вашингтон и Берлин.

Во говор пред морнарите на Русија, Кина, Алжир и Индија по повод одбележувањето на Денот на руската морнарица во поранешната царска престолнина Санкт Петербург, Путин ги предупреди САД дека со тој потег ризикуваат предизвикување ракетна криза како за време на Студената војна.

„Времето на летот на таквите проектили до цели на нашата територија, кои во иднина би можеле да бидат опремени со нуклеарни боеви глави, ќе биде околу 10 минути“, кажа Путин.

„Ќе преземеме возвратни мерки за распоредување, земајќи ги предвид акциите на Соединетите Држави, нивните сателити во Европа и други региони во светот“.

Путин кажа дека САД разгоруваат тензии и префрлаат ракетни системи „тајфун“ во Данска и на Филипините, и ги спореди плановите на САД со одлуката на НАТО во западна Европа да постави лансери „першинг 2“ во 1979 година.

Советското раководство, вклучувајќи го генералниот секретар Јуриј Андропов, се плашело дека распоредувањето на „першинг2“ е дел од разработен план на САД за обезглавување на Советскиот Сојуз со отстранување на неговото политичко и воено раководство.

„Оваа ситуација потсетува на настаните од Студената војна во врска со распоредувањето на американските проектили со среден дострел „першинг“ во Европа“, кажа Путин.

Путин претходно предупреди дека Русија може да продолжи со производството на проектили со среден и краток дострел способни за носење нуклеарни глави, а потоа да размисли каде ќе ги распореди откако САД ќе постават слични проектили во Европа и Азија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ