сабота, 19 октомври 2024

Путин нареди зголемување на војниците во руската војска за 15 отсто

Објавено на

часот

Сподели

Војската треба да брои 2,2 милиони припадници, од кои 1,32 милиони војници, според указот кој го објави владата.

Во претходниот указ од август 2022 година предвидениот број на припадници на војската е одреден на два милиони, од кои 1,15 милиони војници.

Конкретно тоа претставува, не сметајќи го цивилниот персонал, зголемување од 169.372 војници, што е околу 15 отсто од сегашниот број на борбените сили.

Руското министерство за одбрана веднаш по објавата на указот издаде соопштение објаснувајќи го зголемувањето.

„Зголемувањето на припадниците на оружените сили е резултат на зголемувањето на заканите насочени кон нашата земја и поврзани со спроведувањето на специјалната воена операција во Украина и продолжувањето на проширувањето на НАТО“, наведе министерството.

Министерството додаде дека „во тек е зголемување на комбинираните оружени сили на Алијансата кај руските граници и распоредување дополнителни средства за воздушна одбрана и оружја за напад“.

Се наведува и дека зголемувањето на бројот на војници ќе биде спроведено во фази, врз основа на доброволен ангажман и дека не е предвидена воена мобилизација.

Во септември 2022 година поради тешкотиите на фронтот Русија нареди воена мобилизација, поради што стотици илјади момчиња избегаа од земјата.

Од тогаш фронтот е стабилизиран и руските власти регрутираат на доброволна база, ветувајќи високи примања и социјални давачки за оние кои ќе одлучат да се ангажираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ