недела, 20 октомври 2024

Путин: Ќе продолжиме да ја снабдуваме базата Кант со најсовремено оружје

Русија ќе продолжи да ја снабдува руската воена база Кант во Киргистан со најсовремено оружје, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со киргистанскиот претседател Садир Јапаров во Бишкек по повод 20-годишнината од основањето на базата.

Објавено на

часот

Сподели

Путин нагласи дека руските војници во базата работат професионално, целосно посветено, исполнувајќи ги зададените задачи, покажувајќи херојство и соработувајќи со безбедносните структури на Киргистан, пренесе Спутник.

Според неговите зборови, руската воена база Кант значително придонесува за безбедноста во републиката и централноазискиот регион во целина, како и во борбата против заканите како што се тероризмот, екстремизмот, трговијата со дрога и организираниот криминал.

Претседателот на Русија му се заблагодари на Киргистан за љубезноста кон руските војници во базата.

Путин посочи и дека на средбата со Jапаров, големо внимание е посветено на проширување на билатералната соработка на воено и воено-технички план.

Како дел од средбата на двајцата лидери и делегации, Русија и Киргистан потпишаа Меморандум за прашања за биолошка безбедност, како и бројни други билатерални договори.

Освен тоа, Путин најави дека Русија и Киргистан активно се префрлаат на пресметки во националните валути и дека уделот на рубљата во нив достигна 83 отсто.

Во рамките на посетата, тој на Jапаров му го врачи Орденот на честа.

Претседателот на Киргистан оцени дека руската воена база останува гарант за сигурноста, безбедноста и стабилноста во Централна Азија.

Jапаров посочи дека Киргистан и Русија го потврдиле непроменетиот курс кон активирање и проширување на меѓусебната соработка и оти билатералните документи што се потпишани претставуваат очигледна потврда за тоа.

Според претседателот на Киргистан, заедничкиот систем за противвоздушна одбрана на двете земји ќе биде ефикасен инструмент против заканите и ќе придонесе за зајакнување на меѓусебните врски во воената сфера.

Jапаров објави и дека Москва и Бишкек се договориле трговската размена да се зголеми на пет милијарди долари.

Рускиот претседател е во посета на Киргистан, каде утре се одржува самитот на Заедниците на независни држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ