„На влегувањето на севернокорејските сили во војната и на масовниот руски ракетен напад, американскиот претседател Џозеф Бајден одговори на јазикот што Путин го разбира“, напиша Шикорски на социјалната мрежа Икс.
Според неговите зборови, жртвата на нападот има право да се брани, пренесе агенцијата Франс прес.
Администрацијата на Бајден ќе ѝ дозволи на Украина да го користи оружјето дадено од САД за напади длабоко на руска територија, изјавија вечерва доброупатени извори за Ројтерс, а тоа претставува промена во политиката на Вашингтон во украинско-рускиот конфликт.
Украина планира да ги изврши првите ракетни напади со долг дострел во наредните денови, рекле изворите без да наведат детали.