недела, 20 октомври 2024

Путин: Германците голтаат сè од своите сојузници, бидејќи немаат суверенитет

Објавено на

часот

Сподели

Според рускиот претседател, европските земји или самите себеси си ги исклучиле изворите на евтина енергија, или „тоа го направија нивните сојузници од САД кои од политички причини ги секнаа изворите за снабдување со руски енергенси“.

Путин ја истакна саботажата на гасоводот Северен тек и фактот што Полска и Украина ги блокираат гасоводите на своите територии.

Тој наведе дека украинските власти добиваат пари од Европа, од Германија, вклучувајќи за оружје и пензии, социјални придонеси и плати, но го исклучиле дотокот на гас од Русија кои ѝ е неопходен на Германија.

„Но Германците го голтаат ова, бидејќи немаат суверенитет. Некои високи државни функционери изгледа немаат доволно стручно усовршување да носат квалитетни професионални одлуки. Се знае кои се тие и целиот свет им се смее. Нема да именувам, но целиот свет се смее“, истакна рускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ