Во своето обраќање Путин потсети дека со учество на Русија во Белорусија, изградбата на вториот блок на нуклеарната централа „БелАЕС“ е завршена во 2023 година.
„Ова е, се разбира, многу сериозен потег, имајќи предвид дека не само што се гради централа, туку се создава и индустрија. Во оваа смисла Белорусија стана нуклеарна сила и ова е сериозен чекор напред во развојот на економијата, научните области и во технолошкиот развој“, изјави Путин.
Тој додаде дека под надворешен притисок, Русија и Белорусија си помагаат меѓусебно и имаат заеднички пристапи кон глобалните и регионалните проблеми, пренесува Спутник.
„Важно е Русија и Белорусија, во услови на невиден надворешен притисок, тесно да соработуваат на светската сцена и секогаш да си пружаат вистинска сојузничка взаемна поддршка. Пристапите на нашите земји кон актуелните глобални и регионални проблеми се совпаѓаат или се блиски на многу начини“, рече Путин.