четврток, 24 октомври 2024

Пуштен во употреба обновениот пат од Крива Паланка до Деве Баир

Во присуство на локалната власт, на владина делегација и на амбасадорот на ЕУ, беше пуштена во употреба реконструираната и рехабилитирана патна делница од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Кажете им на сегашниот и поранешниот бугарски премиер дека ние работата ја завршивме, а тие не, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека на неговиот прв ден како премиер за оваа патна делница разговарал со тогашниот премиер на Бугарија, Кирил Петков.

„Е сега сакам да му кажам на амбасадорот Гир да му пренесе не сегашниот премиер на Бугарија и на поранешниот премиер на Бугарија Кирил Петков, а сегашен претседател на партијата Продолжуваат промените, дека тие нивната работа не си ја завршија. Ниту го завршија делот на патот кај Ќустендил, ниту го завршија делот на патот на страната на Бугарија кон ГП Клепало. Така што, амбасадоре Гир, можете преку Брисел да им кажете дека ние нашата работа ја завршивме, а тие нивната работа не ја завршија“, рече премиерот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ