„Рано утринава пукна привремената песочна брана на Беломорско-балтичкиот канал. Во населбите кои се наоѓаат во близина уништени се 13 куќи. Едно лице загина, а девет се повредени. Седум лица, меѓу кои три деца, се спасени“, се наведува во соопштението.
🌊 A dam broke on Belomorsko-Baltiyskyi Canal in Russia.
👀 The bridge washed away. The river overflowed its banks. An evacuation has been announced. pic.twitter.com/PghSnZoqpj
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 29, 2024
Четири лица се исчезнати. На почетокот беше јавено за шест исчезнати, но две се во меѓувреме најдени. Итните служби на терен му пружаат помош на загрозеното население.
Во областа е воведена вонредна состојба.
everything is stable in russia🤷♀️
russians are swimming again🧐💦, the bridge broke
🤫🏊♀️ pic.twitter.com/7u8Jx3zY7s
— D.Radka, #NAFO 🇨🇿🤝🇺🇦 (@DakdaR22) July 29, 2024
На една од објавените снимки, една жена кажува: „Браната исчезна, едноставно ја снема.. домовите се однесени сосе луѓето во нив“. Беломорско-балтичкиот канал го поврзува Бело Море во северозападна Русија со езерото Онега и има излез на Балтичко Море.
Привремената брана била поставена поради работи на реконструкција на каналот. Денешното пукање на браната е втор таков инцидент во Русија во последните неколку дена.
Обилните врнежи во петокот предизвикаа уривање на брана во регионот на Уралските планини во Челјабинск, каде најмалку едно лице загина во поплавата.