понеделник, 28 октомври 2024

Пукање во Германија, тројца мртви, двајца ранети

Во пукање во југозападна Германија поврзано со домашен спор денеска тројца се убиени, а двајца ранети од исто семејство, соопшти полицијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку лица се убиени и ранети во нападот во градот Лаутлинген во германската покраина Баден-Вутемберг, пренесува германскиот весник Билд.

Весникот наведува дека напаѓачот е ловец, но не прецизира како жртвите биле убиени и ранети.

Полицијата потврди дека има неколку загинати. Пукањето се случило во исто семејство, според полициските власти, истрагата е во тек и нема информации за мотивот за пукањето. Ранетите се жени, кои биле пренесени во болница со хеликоптери.

„Јавноста не беше загрозена“, изјави портпаролот на полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ