недела, 20 октомври 2024
Некој добро се ценкал

ПСЖ го купи Жоао Невеш за 59.921.587 евра

ПСЖ попладнево го потврди трансферот на Жоао Невеш од Бенфика, она што паѓа во очи е сумата под која се реализира трансферот и изнесува 59.921.587 евра.

Објавено на

часот

Сподели

„Светците“ цело лето се обидуваа да го донесат перспективниот Жоао Невеш во своите редови, и по долги преговори, успеаја да најдат заеднички јазик со Бенфика за зделка вредна 60+10 милиони евра.

Трансферот официјално беше потврден денеска, a Бенфика ги откри точните бројки, кои се малку чудни.

Сумата не е заокружена на 60 милиони евра, туку на 59.921.587 милиони евра. Исто така, ниту бонусите не се 10 милиони евра, туку 9.986.931 евра.

Од ова се добива впечаток дека ПСЖ добро се ценкал за ангажман на фудбалерот од средниот ред, кој имаше откупна клаузула од 120 милиони евра.

Што се однесува до Жоао Невеш, тој стави потпис на договор до 2029, и се верува дека во Париз ќе заработува помеѓу 5 и 8 милиони евра по сезона.

„Голема чест ми е што му се придружив на ПСЖ, ова е многу амбициозен клуб. Ќе дадам се од себе за да им помогнам на соиграчите и заедно да освоиме могу титули со овој фантастичен клуб“ – вели 19 годишниот Португалец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ