петок, 18 октомври 2024

Прволигашки фудбал повторно во недела

Објавено на

часот

Сподели

Пролетниот дел од сезоната, кој ќе стартува во почетокот на март, во националниот шампионат повторно ќе се гледа во традиционалните неделни термини, наместо во сабота, како што беше во есенскиот дел од шампионатот. Одлуката со здружението на прволигаши веднаш ќе стапи во сила, па прволигашите и второлигашите ќе изротираат со термините и ќе се вратат на старите термини.

На ваквата одлука најмногу ќе ѝ се израдуваат вардаровите „Комити“, кои есеноска неколкупати притискаа дуелите на Вардар да се играат во недела со цел на натпреварите на актуелниот есенски првак да има повеќе гледачи.

Фудбалските мечеви во недела попладне беа традиција за прволигашкиот фудбал, наследена и од прволигашките мечеви во шампионатот на поранешна Југославија. Токму по термините дел од светските првенства и се препознатливи, како саботното англиско коло од 16 часот, бундеслигашкото во сабота од 15.30, или неделните калчолигашки возбудувања од 15 часот и шпанската Примера од 17 часот.

Н.Б.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ