среда, 6 ноември 2024

Прво соопштение од седница на техничката влада

Teхничката влада денеска ја одржа првата седница и е издадено првото соопштение за еден работен дел од активнпстите на оваа Владата под раководство на Талат Џафери. Ќе се работи стручно и во интерес на граѓаните, кажал Џафери, најнапред зборувајќи на албански јазик, а потоа и на македонски. Рече, нема потреба од слушалки, истото ќе го кажува и на македонски јазик. На седницата присуствуваше едниот од двајцата министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ – Панче Тошковски, новиот шеф на МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на техичката влада е наведено:
„Премиерот Џафери ги соопшти очекувањата од работата на новата Владата во делот на организацијата и спроведувањето на претстојните избори и за реализацијата на тековните обврски на Владата, во интерес на граѓаните.
‘Пред нас е една клучна задача, подготовка и организирање слободни, фер и демократски редовни избори во отворена и законита процедура. Во таа наша задача, имаме обврска да соработуваме и со Собранието и со Државната изборна комисија и со Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, но и со Европската Унија и САД како наш стратешки партнер, со цел да обезбедиме највисоки европски стандарди во процесот во изборната кампања и на самите избори, со целосен фокус на создавање услови, во коишто граѓаните, на изборите, јасно ќе ја изразат својата волја’, рече премиерот Џафери.
‘Тука сме исто така да обезбедиме редовно функционирање на институцијата, соработка и инклузивност во работата и од оваа Влада очекувам ефикасност и да е во функција на интересите на граѓаните, а притоа да е транспарентна и отчетна’, нагласи премиерот Џафери.
‘Очекувам дека сите членови на Владата ќе го вложат целото свое знаење и искуство и посветено ќе работат во интерес на граѓаните и дека сите предизвици пред нас ќе ги надминеме заедно, отворено и професионално’, порача премиерот Џафери.
Претседателот на Владата, Талат Џафери, во првото обраќање до новоизбраниот владин состав им го честиташе изборот на членовите на Владата и им посака успешна работа и соработка“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ