вторник, 22 октомври 2024

Прво да ги одобри Владата па ќе одат кај пратенциите, министерството за правда ги утврди предлог-уставните измени

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за правда минатата го прочисти текстот на предлогот за уставни измени, кој во меѓувреме е преведен и на албански јазик. 

Иако Владата по правило секој вторник одржува редовна седница, засега нема информација дали предлог-иницијативата ќе се најде на дневен ред на утрешното заседание или ќе биде разгледана дополнително. 

Работната група на седница одржана пред десетина дена ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување. 

Работната група препорача две предлог-измени на Уставот. Првиот се однесува на воведниот дел, Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи.

„Во Преамбулата после „… бошњачкиот народ“ се додаваат „бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска.

Втората измена се однесува на дијаспората и грижата на државата за иселенците. И тука, покрај веќе наведените народи се додаваат и „… бошњачкиот народ“ исто така се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“. 

Засега е неизвесно дали во Собранието ќе бидат прифатени уставите измени имајќи предвид дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да ги поддржи. За носење на уставните измени е потребно двотретинско мнозинство или најмалку 80 пратеници. 

За в среда е најавена средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Како што соопштија од Владата, на средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи. 

Сепак, Мицкоски вчера на фејсбук објави дека не му треба лидерска средба ако таа биде без суштина и без заклучоци.

Претседателот на Собранието Талат Џафери минатата недела изјави дека постапката за уставните измени може да почне и паралелно да траат политичките разговори, имајќи предвид дека од доставувањето на Предлог-иницијативата до седницата мора да поминат 30 дена за да можат пратениците да ја разгледаат. Очекувањата се дека уставните измени би биле испратени во Собранието кон средината на овој месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ