понеделник, 25 ноември 2024

Првите официјални резултати од изборите во Грција

Објавено на

часот

Сподели

Врз основа на една четвртина од преброените гласови, конзервативната Нова демократија водеше со 40,5 отсто од гласовите, покажаа податоците на Министерството за полиција, додека, како што наведува британската агенција, по пребројувањето на 60 отсто од гласовите, постои голема веројатност Мицотакис да има 157 пратеници во 300-члениот парламент.

Тоа е за 20 отсто повеќе од второпласираната партија Сириза, радикалната левица, која победи на изборите во 2015 година и ја водеше земјата до 2019 година, кога загуби од Нова демократија.

Мицотакис рече дека е задоволен од освоеното „безбедно мнозинство“ и вети дека ќе продолжи со клучните реформи со забрзано темпо.

„Ќе останам верен на мојата национална должност и нема да толерирам ароганција или вообразено однесување“, рече тој, според Катимерини.

Мицотакис истакна дека гласачите ги отфрлаат „лагите и токсичната атмосфера што го подели општеството“ и вети дека ќе биде премиер на „сите Грци“.

Денешното гласање е второ големо гласање во изминатите пет недели, бидејќи никој не успеа да освои мнозинство во парламентот на изборите на 21 мај, според различен изборен систем. Според сегашниот изборен систем, најдобро рангираната партија врз основа на гласови добива бонус пратенички места, од 20 до 50, во зависност од резултатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ