понеделник, 25 ноември 2024

Првата порака на Пригожин по бунтот: Нашата цел не беше да го собориме државниот врв

Објавено на

часот

Сподели

„Отидовме да демонстрираме, а не да ја собориме власта во државата“, рече Пригожин, без да открие каде се наоѓа во моментот, пренесува Франс прес.

Во 11-минутната аудио изјава, Пригожин изјави дека „дејствувал како одговор на нападот врз неговите сили, во кој загинаа околу 30 негови борци“, пишува АП.

„Маршот го започнавме поради неправда“, изјави тој.

Како што јави Си-ен-ен, Пригожин во аудио пораката изјавил дека сакал да го избегне пролевањето на руската крв и дека маршот бил демонстрација на протест, без намера да ја смени власта во земјата.

„Во текот на ноќта поминавме 780 километри, а имавме околу 200 километри за до Москва“, рече шефот на Вагнер, иако нема докази дека неговите сили дошле толку блиску до главниот град на Русија.

„Жалиме што бевме принудени да пукаме во авионот, но тој авион фрлаше бомби и не нападна со проектили“, изјави Пригожин.

Според него, „ниту еден војник не бил убиен тогаш“.

Како што објасни, целта на маршот кон Москва била да се спречи „уништувањето“ на приватната воена компанија Вагнер и „да се изведат пред лицето на правдата оние кои со своите непрофесионални постапки направија огромен број грешки за време на специјалната воена операција“.

Пригожин сè уште е под истрага на Федералната служба за безбедност (ФСБ) поради сомневање дека организирал вооружен бунт, објави весникот „Комерсант“, повикувајќи се на неидентификуван извор, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ