четврток, 18 јули 2024

Првата енергетска канцеларија во државата ја отвори Општина Центар

Општина Центар ја отвори првата енергетска канцеларија во нашата земја, со цел да ја поттикне енергетската транформација и транзиција во локалните самоуправи, но и пошироко на државно ниво.

Објавено на

часот

Сподели

„Во канцеларијата, сместена во Младинскиот центар ‘Матично’, граѓаните и сите заинтересирани страни ќе можат да се информираат за можностите за енергетски инвестиции, да учат на темата зелена и праведна енергетска транзиција, или да остварат комуникација и добијат поддршка поврзана со енергетска независност и одржлив развој. Во организација на Здружението за зелено општество-Гринер, денеска беше одржана првата работилница на која градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, граѓаните, невладините организации, советници и членовите на администрацијата дискутираа за трансформација на Општина Центар во енергетски самоодржлива локална единица. ‘Општина Центар’ процесот на енергетска транзиција го започна со оформување на трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија претпријатието ‘Енергија Центар’, со поддршка на Фондацијата ‘Фридрих Еберт’. Во градинката ‘Пепелашка’ веќе имаме поставено фотоволтаичен систем кој треба да ги задоволи потребите за електрична енергија и во зимскиот период, сега на ред се основните училишта’’, информираше Герасимовски.

Работилниците ќе продолжат во Енергетската канцеларија и наредниве денови, а планирани се и отворени денови за комуникација со граѓаните не само за проекти во делот на енергетската ефикасност, туку и за сите проекти кои општината ги нуди во интерес на граѓаните, вклучително и за субвенции на лифтови, покриви и фасади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ