Додека промовираше построга регулација на социјалните мрежи на панел за дезинформации, таа беше прекината од силен звук што звучеше како бродска сирена. „Мислам дека тоа е Илон Маск. Не се плашам од тебе. Е*и се, Илон Маск“, рече сопругата на бразилскиот претседател.
Маск го сподели видеото на Икс, додавајќи два емотикони кои плачат од смеа и напиша „ќе ги загуби следните избори“, очигледно мислејќи на Работничката партија на претседателот Луис Инасио Лула да Силва.
Fuck you, Elon Musk,”
says Brazil’s first lady, Janja da Silva, during the G20 Social panel. pic.twitter.com/z99XqiHwnj
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 16, 2024
Маск, кој е избран да го води одделот за владина ефикасност во администрацијата на идниот американски претседател Доналд Трамп, има комплицирани односи со Бразил и неговата левичарска влада. Икс таму беше накратко забранет.
Претходно оваа година, бразилскиот Врховен суд нареди забрана на Икс затоа што платформата не назначи правен застапник во земјата и не суспендираше сметки за наводно ширење на дезинформации. Забраната беше укината откако платформата плати казна од 5,1 милиони долари повеќе од еден месец подоцна.
Маск е и сојузник на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, кој беше прогласен за виновен за дискредитација на изборниот систем по неговиот пораз во 2022 година. И покрај осумгодишната забрана за кандидатура, тој ја објави својата намера повторно да се кандидира на следните избори, кои ќе се одржат во 2026 година.