четврток, 24 октомври 2024

Прва жртва од пожарите, загина жител на кумановско Кокошиње

Почина едно возрасно лице од кумановското село Кокошиње. Од ЦУК информираат дека лицето најверојатно било задушено од чад, а неговата сопруга била успешно евакуирана.

Објавено на

часот

Сподели

Се очекуваат дополнителни информации за овој случај.

Во  видеоизјава Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, информира дека во текот на денешниот ден имало над 30 пожари на отворено.

„Покрај оние пожари, кои во текот на вчерашниот ден продолжија да горат и денеска, околу пладне се појавија повеќе од 15 пожари на отворено, коишто поради ветрот со голема брзина почнаа да се шират и зафатија повеќе села, кои се безмалку напуштени, со малку жители или без жители. Меѓутоа, 15 села беа зафатени од пожарите на отворено“, рече Ангелов.

Тој информира дека на територија на Општина Куманово биле зафатени три села од пожарите – Кшање, Кокошиње и Мургаш, каде што има претежно викендички.

„Во овие села се изгорени по неколку куќи, претежно стари куќи. На територија на Старо Нагоричане од пожарите се зафатени три села – Малотино, Руѓенце и село Коњук во коишто исто така има малку жители, и немам информација колку од куќите се стари и напуштени, а колку се населени“, рече Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ