сабота, 19 октомври 2024

Противпожарна бригада во Кина тестира нови „играчки“ за гаснење пожар (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На видеото се гледаат три беспилотни летала кои летаат околу запалената повеќекатна зграда и ја полеваат со вода преку црева прикачени на секој од нив.

Иан Бремер, политиколог и претседател на Групацијата Евроазија, го сподели клипот на Твитер, Фејсбук и Тредс.

„Иднината е тука“, им порача Бремер на своите многубројни следбеници.

Некои коментатори беа импресионирани од употребата на технологијата, но други рекоа дека тоа е само претстава и дека таквата употреба на дронови нема многу смисла.

„Тежината на цревото значително ќе ја ограничи висината на која може да делува таков дрон. Не изгледа многу корисно“, напиша еден корисник на Твитер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ