недела, 20 октомври 2024

Противникот на Ердоган: Русија стои зад објавата на лажните материјали на социјалните мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Третиот претседателски кандидат, Мухарем Инџе, се повлече од трката во четвртокот, велејќи дека бил цел на клеветничка кампања, вклучувајќи лажни видеа и документи кои кружеле на социјалните мрежи.

Киличдароглу ги обвини турските „руски пријатели“ дека се одговорни за „објавувањето на лажни материјали, заговори, длабоко лажни содржини во оваа земја вчера“. „Ако сакате да го продолжиме нашето пријателство по 15 мај, повлечете ја раката од турската држава. Ние сè уште сме за соработка и пријателство“, рече тој на турски и руски на Твитер во четвртокот.

Засега нема коментар од руските власти во врска со ова. Москва и Анкара имаат блиски врски и Русија е најголемиот снабдувач со енергија на Турција. Претседателот Владимир Путин и Ердоган често разговараат за различни прашања, од енергија до војните во Украина и Сирија.

Во тензичната кампања воочи претседателските и парламентарните избори на 14 мај, политичарите од двата табора, на Ердоган и на Киличдароглу, се жалеа поради обвинувања на интернет, вклучително и објавување видеа и фотографии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ