сабота, 19 октомври 2024

Против Шведска без првиот пикер Димовски

Објавено на

часот

Сподели

Утрово македонските ракометари го имале последниот тренинг пред мечот на отворањето на ЕП и на него присуствувале сите ракометари, но Димовски заедно со третиот голман Никола Марковски нема да се најде на официјалниот список за дуелот. Тоа значи дека селекторот Звонко Шундовски на располагање ќе има 15 ракометари.

Димовски повеќе од половина подготовки ги мина на рехабилитација и во последен момент доби место во тимот, додека за Марковски и не е за очекување дека ќе има предност со оглед дека Борко Ристовски и Петар Ангелов се изборот за чувари на мрежата на националниот тим.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ