недела, 14 јули 2024

Протест пред Собранието со знамето од Кутлеш

Објавено на

часот

Сподели

Инаку Менкиноски е адвокат на ОМО Илинден во десетина судски процеси против Бугарија.

Им се заблагодарувам на граѓаните кои ми ја даваат поддршката, бидејќи ние си имаме право да си го вееме македонското знаме. Утре е судењето, па не очекувам ништо друго освен да ме ослободат. Како прво и основно, не постои закон кој може да нѐ спречи да го вееме македонското знаме. Поради таа причина против мене е поднесено обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи и тие самите не знаеле како да го нормираат обвинението. Со ова сакаат да покажат дека Македонците не смеат да го користат ова сонце“, изјави Менкиноски од протестот пред Собранието.

Менкиноски доби пријава откако го развеа знамето со сонцето од Кутлеш во Охрид во знак на поддршка на уставобранителите на 27 април годинава. Пријавата ја поднесе СВР Охрид.

Судското рочиште е закажано за утре во Охрид каде во охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир иако тогаш никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ