четврток, 24 октомври 2024

Просрпска десница и ношњачка партија влегуваат во црногорската влада

Црногорската Бошњачка партија го поддржа вчера влегувањето на таа партија во реконструираната влада на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бошњачката партија би требало да добие шест места во владата, пет министерски и едно место потпретседател на владата. Бошњачката партија беше долгогодишен коалициски партнер на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ.

Претходно беше најавено дека Спајиќ во црногорската влада обезбедил место за тројца министри од просрпската коалиција За иднината на Црна Гора, која и досега беше дел од владејачкото мнозинство, но не беше дел од извршната власт.

Според црногорските медиуми реконструираната влада на Црна Гора би требало да има шест потпретседатели и 24 министерства.

Актуелната има 23 члена и 19 министерства.

Во црногорската влада се популистичкото движење Европа сега на Спајиќ, партијата од центарот Демократска Црна Гора, умерената просрпска десница СНП и претставници на Албанска алтернатива.

Владата на Спајиќ по изборите ја поддржаа и пратениците на просрпската коалиција За иднината на Црна Гора, а со постизборен договор беше предвидено тие да влезат во владата во декември оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ