четврток, 24 октомври 2024

Просечната плата е над 38 илјади денари, а над 57 илјади денари е синдикалната кошничка

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38.359 денари и во однос на ноември 2022 година, е зголемена за 16,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Вчера пак, Сојузот на синдикатите објави дека во јануари вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 57.163 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Зголемувањето на просечната плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8  проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот ( 8 проценти), Рударство и вадење на камен (5,9  проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6  проценти).

Според ССМ, кој објави дека за едно семејство месечно се потребни над 57 илјади денари, наведе дека  од кошницата на храна и пијалаци отпаѓаат 21.007 денари или 36,7 отсто, на облека и обувки 4.803 денари или 8,4 проценти, на станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари или 10,5 отсто, на лична хигиена и оддржување хигиена во домот 1.797 денари или 3,1 отсто, на здравје 1.115 денари или 2 отсто, на транспорт 4.759 денари или 8,3 проценти, на комуникации 2.709 денари или 4,7 отсто, на рекреација и култура 4.205 денари или 7,4 проценти, на образование 7.022 денари или 12,3 отсто, на ресторани и хотели 3.733 денари или 6,5 отсто и на останати стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ