петок, 18 октомври 2024

Проработе Блок 1 од РЕК Битола

Синоќа Блок 1 на РЕК Битола е ставен во функција. Постројката е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. Благодарение на натчовечките напори на вработените во комбинатот, РЕК Битола експресно го оспособи овој блок и продолжува да работи со два блока. Покрај Блок 1, во погон е и Блок 3 на РЕК Битола, а Блок 2 е во ремонт, се вели во соопштението на Елекстрани на Северна Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„За среќа, овојпат испадот на блокот од мрежа не предизвика поголеми оштетувања на опремата на комбинатот, што овозможи брза санација на последиците и брзо враќање во функција на постројката. Блок 1 испадна од мрежа вчера попладнето во 16:45 часот заради прекин во напојувањето со струја, што пак беше предизвикано од испад на далновод на МЕПСО.
Испадот на блок на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО беше втор во рок од десетина дена“, соопшти ЕСМ.
На овие обвинувања од ЕСМ, вчера реагираше и МЕПСО соопштувајќи дека РЕК Битола сака интерните проблеми да ги префрли на друго место.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ