„На 23.11.2024 околу 20.30 часот на автопат ‘Пријателство’ во близина на с.Табановце од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е патничко моторно возило БМВ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Ј.Р. од с. Студеничани, во кое се превезувале мигранти. Возачот се дал во бегство, а во возилото се пронајдени девет лица- мигранти, од кои четири малолетни“, се наведува во соопштението од полицијата.
Шестмина од мигрантите биле од Сирија, и по еден од Иран, Ирак и Палестина. Тие се пренесени во Транзитен центар Табановце, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.
Во полицискиот билтен се наведува дека синоќа во 20.15 часот во село Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово пронашле пет лица-мигранти од Сирија.
Лицата биле пренесени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.