понеделник, 28 октомври 2024

Пронајден кривогаштанец баран со две потерници за измами

Полицијата пронајде жител на Кривогаштани кој бил баран со две потерници и веќе осуден бил на две години затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во 16.30 часот на ул.Охридска во Битола, оперативен тим потраги го лиши од слобода Д.Р.(65) од с.Кривогаштани, прилепско. Тој се барал по две централни потерници врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување мерка притвор во врска со кривични дела по чл.394 и чл.279 од Кривичниот законик, како и согласно наредба од Основен кривичен суд Прилеп, каде бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години, во врска со чл.252 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено во СВР Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ