недела, 27 октомври 2024

Пронајден исчезнатиот маж во близина на неговото село Дрен

Маж со психички проблеми кој избегал од неговиот дом во демиркапиското село Дрен, синоќа е пронајден околку 21 часот во близина на селото, кај месноста Краставец.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), синоќа во 19.52 часот на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК било добиено известување за изгубено машко лице, кое имало психички проблеми и избегало од дома од село Дрен, Општина Демир Капија.

„Брзо беше организирана потера од роднини, месно население и полицајци од Полициската станица Неготино. Лицето беше пронајдено надвор од селото кон месноста Краставец, околу 21 часот, соопшти ЦУК.

Од ЦУК посочуваат дека навечер температурите паѓаат на отворен простор и оти тоа може да биде опасно по здравјето и животот на луѓето, особено ако не носат соодветна облека според надворешната температура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ