вторник, 22 октомври 2024

Промоции на албумот на Горан Таневски во Загреб и во Толмин

Во загрепскиот клуб Два Осам во четврток ќе се одржи вечер со Горан Таневски, претпремиера на неговиот албум, разговор со него и концерт. Речиси 40 години откако со својот глас и харизматичен изглед го одбележа подемот на македонската група Мизар, а потоа тргна по некои други животни патеки, Горан Таневски неодамна се врати на музиката. Албумот „Ascend“, кој допрва треба да излезе од издавачката куќа „Менарт“, е првиот дел од замислената трилогија за неговиот живот. Освен негов концерт, во загрепскиот клуб ќе има и проекцијата на видео клиповите од новите песни.

Објавено на

часот

Сподели

Разговорот ќе го води музичкиот критичар и новинар Дубравко Јагатиќ.

Кога во 1988 година на југословенскиот пазар се појави првиот албум на Мизар, многумина беа изненадени од специфичниот звук и имиџ на групата, која комбинираше актуелна готска музика со македонски фолклорни мотиви, на македонски јазик. Мизар не копираше бројни западноевропски и американски бендови, но во својот музички израз комбинираше класичен готик рок со македонско музичко наследство, византиска музика и православно црковно пеење на уникатен начин, што му даде специфична мистична карактеристика и ја воодушеви тогашната публика.

Албумот постигна голем успех и се најде меѓу десетте најдобри рок албуми што некогаш биле издадени во земјите од поранешна Југославија. Воедно, тоа беше и првиот албум со песни на македонски јазик.

Тој 30 години подоцна ѝ се врати на музиката со сопствениот аудио-визуелен проект „Ascend“, кој реши да го промовира надвор од интернет и без помош на социјалните мрежи.

Веќе в сабота во Толмин, Словенија, Горан Таневски ќе ја има и втората промоција на својот албум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ