„Интеграцијата во Европската Унија нема друга алтернатива. Северна Македонија мора да го продолжи европскиот пат и тука ќе бидеме упорни. Ова ќе биде главната точка со која ќе се обидеме да ја добиеме поддршката од сите граѓани, без разлика на етничката припадност. Вториот столб на програмата се уставните промени. Тука ќе инсисираме бидејќи за да почнат преговорите со ЕУ, мора да ги вклучиме Бугарите и некои други етнички групи во преамбулата на Уставот“, рече Таравари.
Според него, уставните измени се момент да се отвори дебата кај двете најголеми етнички групи, Албанците и Македонците, и кај другите и за избор на претседател преку Собранието со 61 глас со право на Бадентер. За Таравари отстранувањето на 20% за албанскиот јазик е неопходен услов кога ќе се отвори Уставот.
„Ми се допадна идејата на Пендаровски, актуелниот претседател на Северна Македонија, кој пред 6 месеци изјави дека на Македонија ѝ треба нов Устав“, рече Таравари, додавајќи дека во 1991 година Албанците не учествувале во изготвувањето на Уставот, а со амандманите од 2001 година, Уставот не е Устав како што треба.
Првиот човек на АА, Арбен Таравари истакна дека третиот столб е владеењето на правото.
„Третиот столб на програмата е владеење на правото. Неспорен е развојот на корупцијата и криминалот во Македонија. Ако амбасадорката на нашиот стратешки партнер САД кажува дека во Македонија има епидемија на корупција, ова е сигнал што треба да не разбуди сите. Има два начина за намалување на криминалот и корупцијата – првиот е функционирањето на правната држава, а вториот е дигитализацијата, изјави Таравари и појасни дека четвртиот столб е меѓународната и регионалната соработка.
Програмата на Таравари има четири столба – ЕУ, уставни промени, владеење на правото…
Интеграцијата во ЕУ, уставните промени, владеењето на правото и меѓународната и регионалната соработка се четирите столба на Арбен Тараварим, претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на коалицијата ВРЕДИ. Тој вечерва на ТВ Клан зборуваше и за неговата програма на претседателските избори.
Објавено на
часот