петок, 18 октомври 2024

Професорот Прешова предлага интерпелација за првите луѓе на Судскиот совет

Објавено на

часот

Сподели

Притоа, вели Прешова, треба да се испитаат сите наводи за разни влијание врз Советот на кои во повеќе наврати упатуваат токму овие членови и да се оцени нивната досегашна работа.

„Вакво нешто е целосно во согласност со Уставот, Деловникот на Собранието и Законот за Судскиот совет имајќи предвид дека не само што овие членови се избрани, туку и според законот, тие својата оставка ја поднесуваат до Собранието. Интерпелацијата би требало да биде иницирана во најбрз можен рок особено поради тоа што е очигледно дека овие членови на Судскиот совет во континуитет не сакаат отворено и јавно да кажат за какви влијанија и притисоци станува збор, а најмалку тоа и го должат на јавноста, но и фелата, смета Прешова.

Пред неколку дена пред македонската јавност на скандалозна седница на Судскиот совет беше разрешена Весна Дамева од функцијата претседателка на Судскиот совет. Иако таа точка ја немаше на дневен ред, „за“ разрешување гласаа седуммина членови на Советот, иако за избор на претседател се неопходни најмалку осум гласа во телото со 15 члена. Во Законот за Судски совет и во Деловникот воопшто не е предвидена процедура за разрешување претседател, веднаш реагираа експертите.

„Такво нешто не е предвидено ниту за претседателот на Собранието или претседателот на Уставниот суд, и другите тела како, на пример, Комисијата за заштита од дискриминација и слично. Не верувам дека би можеле да имаме категоричен, но и формалистички став дека такво нешто не е возможно и во овие ситуации бидејќи нема никакви одредби во соодветните правни акти за разрешување и престанок само на функцијата претседател. Како потсетување, претходната претседателка на Судскиот совет, Црвенковска, поднесе оставка од функцијата претседател иако такво нешто не предвидено со Законот за Судскиот совет. Дали тоа значи дека таа според законот не можела да поднесе оставка? Следствено, тврдењата и заклучоците би требало да бидат малку поизнијансирани, иако е неспорно дека постојат бројни прекршувања на Законот и Деловникот на Судски совет“, пишува Прешова.

Тој смета дека состојбите во Судскиот совет „само кулминираа на отворена сцена бидејќи прекршувања и ‘заобиколувања’ на постапките и правните правила во разни дисциплински постапки против судии, избор и унапредување на судии и секако утврдување на кандидати за уставни судии, воопшто не беа реткост во изминативе години… Треба да се биде внимателен кога се проектираат некакви жртви или маченици во рамките на фарсата која се одвива во и околу Судскиот совет… Тој сеприсутен клиентелизам, за кој говори и Ленче Ристоска во редовите на обвинителството, е нешто на кое се укажува подолг временски период и во научните трудови, но се чини дека е побитно што ќе кажат од меѓународната заедница, па судиите и членовите на советите се позагрижени за нивните ставови, а не за мислењата и довербата на граѓаните“, напиша Прешова на својот фејсбук-профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ