четврток, 31 октомври 2024

Професори, инженери и енергетичари бараат да присуствуваат на собраниската седница за Митилинеос

Од сите собраниски тела побаравме да бидеме поканети на седниците на собраниските комисии и на денешната пленарна седница на која ќе се одлучува за енергетскиот инвестициски проект Митилинеос когенеративна гасна централа, но засега немаме никаков одговор, информираат од Здружението на инженерите на Македонија.

 

Објавено на

часот

Сподели

Тие се повикуваат на член 122 став 2 од Деловникот на Собранието и бараат нивни претставници да да го изнесат нивното мислење по прашањата што се разгледуваат на седниците на собраниските тела.

Денеска на пленарна седница на Собранието закажана е расправата по предлог законите за стратешките инвестициски проекти Соларен парк Стипион, Соларна електрична централа Пехчево, Аим грин тек и Митилинеос когенеративна постројка Скопје (по скратена постапка).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ